Меѓународната поетско-културна манифестација «Анте Поповски – Антево перо» традиционален настан којшто допрва ќе биде синоним за вистинските вредности на македонската книжевна стварност
Journal
Stephanos
Date Issued
2021
Author(s)
Антоновски, Иван
DOI
10.24249/2309-9917-2021-50-6-50-60
Abstract
Текстот го отвора прашањето за значењето на книжевните манифестации за книжевната стварност. Притоа се застапува тезата дека значењето на конкретна книжевна манифестација и во ова дигитално време, не е доминантно условено од нејзиниот формат и од тоа колку тој е конвенционален или модерен, туку од тоа дали нејзината мисија примарно се темели на естетски и книжевни критериуми и следствено, од нејзината содржина – од тоа, колку таа дава нови импулси на книжевното живеење. Како потврда на ваквото согледување, во текстот се издвојува меѓународната поетско-културна манифестација «Анте Поповски – Антево перо», којашто четири години е дел од македонската книжевна стварност. Иако нова манифестација со стремеж да постане традиционална и иако устроена со конвенционален формат и програма, без претенциозно настојување за нестандардни програмски содржини, таа веќе е препознатлива на македонската културна мапа, како манифестација со којашто едновремено се настојува да се оствари влог во валоризацијата и афирмацијата на трајните вредности на македонската култура, да се промовира македонската книжевна продукција, да се овозможи помалку
афирмирани авторски имиња да излезат од сенките на живите книжевни споменици и да се поттикнува книжевна наука. Притоа, во текстот се анализира и валоризира постигнатото со годинешното издание на манифестацијата. Одделен акцент е ставен на меѓународниот научен симпозиум којшто отвори клучни и досега неактуализирани прашања за творечкиот опус на еден од најголемите македонски автори на XX век – Анте Поповски. Едновремено се анализира и концептот на манифестацијата којшто постојано се развива и овозможува таа да е настан којшто остава трага и може да доведе до случувања коишто еден ден ќе треба да бидат запишани во книжевната историја.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2021-50-6.pdf
Description
Меѓународната поетско-културна манифестација «Анте Поповски – Антево перо» традиционален настан којшто допрва ќе биде синоним за вистинските вредности на македонската книжевна стварност
Size
301.97 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):67eb16a2af487c05bc388bfbd3e8c5ee