Ономазиолошки определените именски групи со формален показател на категоријата определеност во македонскиот јазик
Date Issued
2020
Author(s)
Бобан Карапејовски
Abstract
Oномазиолошки определените именски групи може да се
поделат во две подгрупи: а) примарни (лични имиња, географски поими и временски) и б) секундарни (имиња на институции и наслови). По дефиниција, тие содржат информација за името на единствен
референт во стварноста. Таа нивна имплицитна определеност, формално и првично, ја елиминира можноста за дополнителни експоненти на категоријата определеност врзани со нив (морфолошки
член, показни заменки и сл.). Сепак, со различна мотивација и од
различна природа, кај овие именски групи се појавуваат, на
површинско рамниште, извесни „(до)определувачи“, како во
примерите: Охридско(то) Езеро, Бајкалско(то) Море, Тихи(от) Океан; Врховни(от) суд, Градски(от) парк; Скопје(во), Бојан(он); Божиќ(от) на Херкул Поаро; Браќа(та) Карамазови, Бели(те) мугри, итн.
Целта на рефератот е да се разгледаат ваквите примери и да се направи извесна формална и значенска класификација наовие именски групи и експонентите на определеноста што се врзуваат со нив.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ОНОМАЗИОЛОШКИ ОПРЕДЕЛЕНИТЕ ИМЕНСКИ ГРУПИ СО ФОРМАЛЕН ПОКАЗАТЕЛ НА КАТЕГОРИЈАТА ОПРЕДЕЛЕНОСТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК.pdf
Size
836.98 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):6080168a706beb883faa72e7868ed319