Рапавост и сјај на лакирани површини
Date Issued
2007-10
Author(s)
Манева, Анастасија
Манев, Трајче
Abstract
Во овој труд е испитувано влијанието на рапавоста врз сјајот на лакирани површини од бор. Рапавоста како значаен показател на квалитетот е настаната преку брусење и бајцување на брусените површини. Брусењето е извршено со два брусни системи со различна гранулација на брусна хартија и брусење во насоки. Бајцувањето е изведено со три различни видови бајцеви. Лакирањето на брусените и бајцувани површини е извршено со два слоја темелен и еден слој завршен нитроцелулозен (NC) лак. Сјајот е мерен со мерач по Lange, а вредностите се изразени во %.
Востановено е влијание на рапавоста врз висината на сјајот преку брусење и бајцување, како и влијание на број на наносите од лак. Повисок сјај на лакирани површини се добива со пофино брусење (120+150+180), бајцување со НТБ или МТБ и лакирање со NC лакови со два темелни и еден завршен нанос.

Subjects