ТОЛКУВАЊЕ НА НОВЕЛАТА ФИГУРАТА ВО КИЛИМОТ ОД ХЕНРИ ЏЕЈМС НИЗ КОМПАРАТИВНА КНИЖЕВНА ПЕРСПЕКТИВА
Journal
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Date Issued
2020-06-21
Author(s)
Ведран Диздаревиќ
Abstract
Во овој труд ќе ја интерпретираме новелата Фигурата во килимот (1896) од Хенри Џејмс низ неколку интерпретативни визури. Во воведот ќе го поставиме историскиот и биографскиот контекст на создавање на новелата, низ вкрстеното читање на биографијата на Џејмс и белешките во неговите тетратки. Во главниот дел ќе ја читаме новелата од гледна точка на текстуалните стратегии што авторот ги користи при конструкцијата на приказната и на сижето (во контекст на наратолошката теорија на Питер Брукс), како и специфичната употреба на јазикот, како средства за заведување и за одложување на смислата (врз фонот на коментарите на Цветан Тодоров и на Гилберт Кит Честертон). Читањето ќе го оствариме во дијалог со белешките на Џејмс, извлечени од тетратките и од предговорите на неговите дела во њујоршката едиција. Во третиот дел ќе ја поставиме новелата во компаративен интерпретативен контекст – најпрво во корпусот на самиот автор, а потоа и во контекст на влијанијата од страна на француските писатели, особено на Флобер. Дополнително, ќе упатиме и на неколку, според нас, наивни и површни читања на оваа новела. Во заклучокот ќе ја констатираме лиминалната положба на Џејмс како автор на прагот меѓу книжевноста на XIX и книжевноста на XX век.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ТОЛКУВАЊЕ НА НОВЕЛАТА.pdf
Size
807.23 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):03629f83cd46a723a04d7e9b86112466
