РАДИЈАЦИОНА РЕТИНОПАТИЈА РЕЗУЛТАТ НА ПРОТОНСКА РАДИОТЕРАПИЈА КАЈ МАЛИГЕН МЕЛАНОМ НА ХОРОИДЕА
Journal
MEDICUS
Date Issued
2018-10
Author(s)
Abstract
Радијационата ретинопатија е бавно прогресивна микроангиопатија, компликација по изложеност на било кој
извор на зрачење во терапијата на интраокуларните тумори.
Васкулопатијата на макуларното ткиво еволуира од васкуларна некомпетентност (макуларен едем, крварење
и ексудати) до облитеративен ендартеритис (исхемија) со секундарна неоваскуларизација, крварење во
стаклестото тело и преретинална фиброза.
Тумори зад екваторот, околу макулата, поголеми туморски формации, и повисоката вкупна доза на зрачење го
зголемуваат ризикот од радијациона ретинопатија. Фракционирањето, дизајнот на третманот, видот и стапката
на администрација на радијација треба да се земат во предвид. Секако експресијата на заболувањето може да
има раазлични клинички варијации, зависно од возраста и окуларниот наод кај заболениот.
Супресијата на пост зрачната ретинопатија може да се постигне со периодична интравитреална анти-VEGF
апликации, во комбиниран третман со фокалната ласерфотокоагулација.
Цел на трудот е преку приказ на случаи да се презентира радијационата ретинопатија како компликација од
протонската радиотерапија, во третман на малиген меланом на хороидеа.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
medicus-shtator-2018.pdf
Size
1.29 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):9850a0b7dd69c39b045b0db28d52eb2a