Мини-есејот како форма во есеистичкиот опус на Горан Стефановски
Journal
Палимпсест / Palimpsest
Date Issued
2021
Author(s)
Антоновски, Иван
DOI
https://doi.org/10.46763/PALIM21116191a
Abstract
Иако формата мини-есеј или нацрт-есеј сѐ уштене е цврсто нормирана во книжевната теорија, нејзиното присуство во книжевниот простор не може да се занемари, дотолку повеќе што таа се вбројува меѓу најчесто присутните форми на искажување на авторското есеистичко Јас во нашата современост. Оттука, оваа книжевна форма заслужува осврнување во критичко-теориското исчитување на современата книжевност, вклучително и на одделни творечки опуси, што може да доведе и до нови теориски согледби. Овој труд се осврнува на нејзиното присуство во есеистичкиот опус на Горан Стефановски, преку „конзервираните импресии“ од коишто повеќето за првпат се објавени во осмата и деветтата деценија на минатиот век. При нивното исчитување во контекстот на севкупното есеистичко творештво на Стефановски, мини или нацрт-есејот се потврдува како ексклузивитет на книжевниот есеизам. Согледувајќи го есеистичкото творештво на Стефановски како резултат на творечко-мисловен процес, овој труд упатува дека „импресиите“, како мини или нацрт-есеи, може да се сметаат за прва фаза на процесот во којшто есеизираните перцепции и размислувања за идентитетските прашања и дилеми присутни во еден дел од нив, коишто се тематско-мотивска доминанта на неговите натамошни есеи, минуваат низ творечко-мисловна, а истовремено и низ искуствено-когнитивна опсервирачка иницијација, со што еволуира нивната експликација во есеистичкиот текст до фазата на хипер-есеј. Прочитот од трудот, едновремено упатува и на заклучокот дека есеизмот не треба и не може во целост да се смета за многу подоцнежна пројава во творештвото на Стефановски, како и дека тематско-мотивските доминанти на неговите подоцнежни есеи не треба да се поврзуваат исклучително со состојбата на доброволен дводомен егзил и постјугословенскиот контекст.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
4446-Article Text-7352-2-10-20211006.pdf
Description
МИНИ-ЕСЕЈОТ КАКО ФОРМА ВО ЕСЕИСТИЧКИОТ ОПУС НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ
Size
4.98 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):fe4589f44078a465dd16f6e5c1f76068
