Коњски житија на Зоран Анчевски – востоличување на драмскиот монолог во македонската поезија
Journal
„Блесок – литература и други уметности“
Date Issued
2024-09
Author(s)
Милан Дамјаноски
Abstract
Збирката поезија Коњски житија на Зоран Анчевски е навистина невообичаена и изненадувачка појава на нашата поетска сцена, бидејќи како прво се работи за збирка на драмски монолози, жанр што не е својствен за современата македонска поезија. Но, она што навистина ова дело го прави уникатно е тоа што улогата на драмската персона која ја има задачата на наратор во овој жанр им е дадена на славните коњи од историјата, митот и книжевноста. За да се изведе оваа интервенција во богатата текстура на македонската поезија, да се вплете една нова нишка во таписеријата на македонската книжевност, а воедно да се избегне ризикот од карикатуралност или празна перформативност, потребна е сигурната рака на искусен поет, ерудит и познавач на тајните на поетскиот занает.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Драмскиот монолог во поезијата на Блаже Конески - Милан Дамјаноски - Блесок.pdf
Size
200.29 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):ce3b83352a98b44db44a771626687e39
