ХРИСТИЈАНСКАТА ПРОСВЕТА И КНИЖЕВНОСТ ВО СРЕДНОВЕКОВНО КИЧЕВО И КИЧЕВСКО
Date Issued
2020
Author(s)
Александар Крстаноски
Abstract
За долгата историја на Кичево и Кичевско документирано сведочат самите почетоци на организирањето на Охридската архиепископија. Во историските извори, меѓу кои и повелбата на византискиот цар Василиј II, издадена во 1018 година, градот се спомнува во рамките на нејзината најтесна дијацеза. Кичево се споменува и во време на кралот Урош I, а Милутин го освоил од Византија. Просветата во овој крај во Средновековието има главно христијански карактер, а притоа се истакнуваат неколку центри: самиот град, манастирот Свети Георгиј во близина на селото Кнежино, селото Вранештица, селото Премка, селото Светораче и, секако, манастирот Света Пречиста Кичевска. Ваквите факти претполагаат дека во градот и околината постоела развиена христијанска просвета, а за што сведочат зачуваните ракописи од тоа време и нивните подоцнежни преписи. Оваа дејност во Кичево и Кичевско се рефлектирала и во неговата подоцнежна духовна и културна историја.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ХРИСТИЈАНСКАТА ПРОСВЕТА И КНИЖЕВНОСТ ВО СРЕДНОВЕКОВНО КИЧЕВО И КИЧЕВСКО.pdf
Size
549.98 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0c3cf0642b2ff1af59a79deb75a2fd1e
