Комбинација на резенки во реконструкција на големи дефекти на очните капаци и периорбита
Journal
Македонски медицински преглед = Macedonian Medical Review
Date Issued
2010
Author(s)
Мостров Илија
Дамеска Љиљана
Росо Ивана
Abstract
Вовед. Ексцизија на тумори и траума се двете најчести причини за дефекти на очните капаци кај кои е потребна хируршка реконструкција. Реконструкцијата има цел да обезбеди добра функција на очниот капак, односно заштита на очното јаболко и сочувување на видот, но исто така и задоволителен естетски изглед. Поради комплексната структура на очниот капак (о.к.), оваа хируршка интервенција е деликатна и посебно тешка кај големите дефекти на о.к. и периорбитата. Целта на овој труд е да ја прикажеме реконструкцијата на големи дефекти на о.к. и периорбитата кај четири наши случаи, со примена на комбинација на резенки, кај кои не можевме да го затвориме дефектот со една стандардна резенка. Методи. Овој труд прикажува 4 пациенти оперирани во периодот 2008-2009 година на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во скопје. Применивме различни комбинации на кожни резенки во зависност од потребите на секој индивидуален случај. Пациентите постоперативно се следени 6-24 месеци. Резултати. Во сите случаи постигнавме задоволителни резултати, односно добра функција на о.к. и приближно нормален изглед. Заклучок. Методот на хируршката реконструкција е диктиран од големината и локализацијата на дефектот кој настанува по отстранување на карциномот. Комбинацијата на кожни резенки, ако соодвтно ја користиме, ни овозможува реконструкција со добра функција и приближно нормален изглед.
File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Комбинација на резенки во реконструкција на големи дефекти на очните капаци и периорбита 5.pdf
Size
665.44 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):36d4ebcce1ab6850786cab72d5fd99f8
Loading...
Name
Комбинација на резенки во реконструкција на големи дефекти на очните капаци и периорбита 1.pdf
Size
580.33 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d3233d2adb157e90c3ccdd636674861b
