Фраземи со компонента 'коса/влакно'
Journal
Македонски јазик LXXI
Date Issued
2020
Author(s)
Јасминка Делова-Силјанова
Abstract
Фраземите заземаат мошне важен дел од лексичкиот фонд на јазикот. Тие се сведоштво за креативноста и снаодливоста на говорителите на дадениот јазик и кажуваат многу за духовниот живот на одреден народ, за типологијата на неговите емоции и морални принципи, за неговиот севкупен начин на живот и поглед на свет, за неговата животна филозофија. Во овој труд ќе се обидеме да ги согледаме сличностите и разликите во македонскиот и во чешкиот јазик од аспект на тоа како двата јазика ги перцепираат деловите од човечкото тело, со посебен осврт на фраземите со компонента 'коса'.
Subjects
