Божјото Слово – основа на православната христијанска педагогија како наука
Date Issued
2020
Author(s)
Aneta Jovkovska
Abstract
Православната христијанска педагогија не се заснова на филозофска идеја, туку на самото постоење на Црквата како нов сојуз помеѓу човекот и Бога. Во нејзината основа од една страна е Божјото слово, а од друга страна духовното искуство на Црквата. Нејзина задача, пак, е едукација за христијански поглед на светот – разбирање на светот, животот, човекот и неговото делување во светлината на Божјото слово и Божјото откровение.
Православната христијанска педагогија го прима и ползува Божјото слово како сила која го осветува секој миг од човековиот живот, секоја намера, секоја постапка, секое дело; како сила која продира длабоко во човековата душа; го разведрува и просветлува секое нејзино интимно катче и во неа ја создава онаа чиста духовна јаснотија без која не е можно да се достигне совршенството.
Бидејќи го прифаќа Божјото слово како основа, православната христијанска педагогија се изградува на камен кој не се руши од пороите на животот. На овој начин таа ги поставува градбените сили во еден континуиран пораст. Оттука, Божјото слово се јавува и како примарен фактор, но и како основен принцип на воспитување и поучување во православните духовни училишта.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Aneta Jovkovska - Божјото Слово - основа на православната христијанска педагогија како наука.pdf
Size
188.69 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f4bb07fd4c02b3dd8d38137105367381