ПОСТ COVID ОФИЈАЗА КАЈ ДЕТЕ: ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ
Journal
VII КОНГРЕС НА ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО
Date Issued
2022
Author(s)
Најдова, Анита
Abstract
Вовед: Алопеција ареата (АА) зафаќа 2% од глобал-
ната популација. Преваленцата е пониска кај возрасни од
деца, понекогаш расте, и значајно зависи од регионот. За
време на пандемијата со Covid-19, се следеше зголемена
инциденца на Алопеција ареата (АА), но само неколку
случаи се поврзани со докажана инфекција на SARSCoV-
2. АА претставува нарушување со губиток на коса
без лузни кое има автоимуna етиологија со многу тригер
фактори. Covid-19, вирусна инфекција предизвикана од
SARS-CoV-2, се карактеризира со системска активација
на имуниот систем. Офијаза е форма на АА која најчесто
се среќава кај деца. Презентираме редок случај на пост
Covid офијаза кај дете.
Приказ на случај: Шест годишно здраво женско дете
доаѓа во нашата ординација со две алопетични плаки без
лузни, кои се наоѓаат во парието-окципиталниот регион
билатерално, со јасно ограничени овални и мазни повр-
шини без знаци на инфламација и активни фоликули со
спонтан раст на коса, без третман. Ноктите не беа афек-
тирани. Тестот со влечење на косата беше негативен на
рабовите од промените. Фамилијарна анамнеза за Алопе-
ција ареата и други автоимуни болести беше негативна.
Еден месец пред прегледот пациентката била позитивна
на Covid-19 со лесна форма на болеста. Лабораториските
анализи од крвта беа во референтни граници, IgG анти-
тела за SARS-coV-2 беа позитивни. Тироидната функција
беше уредна. KOH препаратот, како и брис од грло и нос
беа негативни. Дерматоскопијата покажа присуство на
црни точки, скршени и истенчени влакна, жолти точ-
ки како и велус влакненца, овозможувајќи дијагноза на
Алопеција ареата. Започнавме со употреба на локалнa
кортикостероидна терапија два пати дневно во период од
две недели, а потоа еднаш дневно уште две недели. Еден
месец по третманот забележавме парцијално растење
на коса. Третманот продолжи уште еден месец, три пати
неделно со комплетно обновување на косата.
Дискусија: АА може да претставува дерматолошка
манифестација на Covid -19, која најчесто се појавува
1-2 месеци по инфекцијата. Иако има неколку објавени
случаи, поврзаноста помеѓу Covid -19 и АА е сè уште
непозната. Потребни се дополнителни истражувања за
дефинитивно да се процени поврзаноста помеѓу Covid
-19 и развојот или егзацербацијата на Алопеција ареата.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ZBORNIK - VII kongres - Ohrid, 2022.pdf
Description
ПОСТ COVID ОФИЈАЗА КАЈ ДЕТЕ: ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ
Size
2.26 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):47101bed577d237337f0c58af10ae1f3