Трансформација на идентитетот и егзилот во делата на Луан Старова
Date Issued
2019
Author(s)
Ибрахими, Сејхан
Abstract
Трансформацијата на идентитетот и егзилот се појавува како исклучителна значајна тема во сферата на општата и компаративната книжевност и како таква буди значителен интерес во современите текови. Интересот на европските и балканските писатели посебно се осврнува на периодот од владеењето на Отоманската Империја и нејзиното заминување од овие територии. Со ова прашање, во рамки на теоретските мисли, се занимава Азаде Сејхан, која темелно ги проучува категориите, идентитетите, динамиката и трансформациите на идентитетот и прашањето на егзилот од духовна и идеолошка смисла, односно како феномен на преминување на границите и културите. Луан Старова носи разни култури и идентитети во својот опус. Со толкување на неговите романи низ призма на теориите на Азаде Сејхан ќе бидат изведени одредени заклучоци, преку кои се оформува „сликата за егзилот“ од последниот период на владеење на Отоманската Империја до денешни дни.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
S-SejhanMurtezanIbrahimi2019.pdf
Size
1.22 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):ade3e2cc9041dff41ae4868bd2ac2a8d
