Роберт Браунинг и неговите драмски монолози – мост помеѓу експериментот и традицијата
Journal
Journal of Contemporary Philology
Date Issued
2019-12
Author(s)
Дамјаноски, Милан
Abstract
Во нашиот труд ќе дадеме кус приказ на историскиот развој на драмскиот монолог како хибриден жанр меѓу поезијата и драмата, за чиј развој најмногу е заслужен Роберт Браунинг. Неговиот развој доаѓа како директна последица на кризата на поезијата да се справи со предизвиците што произлегоа од огромните промени на сите полиња во XIX век. Притоа, ќе дадеме приказ на главните структурни и тематски одлики, како и на важноста на драмската персона како главен наратор и нејзината улога во пробивањето на повеќегласноста во монолошката структура на поезијата. Конечно, ќе се осврнеме на драмскиот монолог како жанр што му дава можност на Браунинг да ги имитира и да ги инкорпорира најразличните гласови и дискурси во британското општество. Како пример за оваа постапка посебно ќе се осврнеме на Витезот Роланд пред Мрачната Кула, преку кој ќе се обидеме да ја прикажеме поетиката и наративните стратегии на Браунинг во жанрот на драмскиот монолог.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Роберт Браунинг и неговите драмски монолози – мост помеѓу експериментот и традицијата - Милан Дамјаноски - Journal of Contemporary Philology 2019.pdf
Size
360.56 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):61a20b01060fc612ea294888226ac369
