Принципи на работа на наставникот во сферата на духовното воспитание и образование
Date Issued
2016
Author(s)
Aneta Jovkovska
Abstract
Наставните принципи треба да бидат ориентациска точка за делување во наставата која вклучува духовно воспитание. Тие влијаат на одлуките за наставните цели, наставните содржини и наставните методи. Отвораат и нови гледишта на анализата и планирањето на наставата. Принципите се конкретни и ограничени на концептот на православното христијанско воспитание, а од друга страна се општи преку упатствата за методско делување. Тие секогаш делуваат во систем, дополнувајќи се и развивајќи се еден со друг. Така, во рамките на различни педагошки концепции и парадигми еден ист принцип може да добие различно значење.
Со корелација на принципите формулирани од страна на Православната црква и световната педагогија може да се откријат заедничките основи на дејноста на наставникот во сферата на духовното воспитание. Анализата на педагошката литература ни овозможува да издвоиме група на принципи кои се специфични за православната христијанска педагогија. Постојат и принципи на духовното воспитание кои не противречат на принципите на секуларната педагогија, но во споредба со нив имаат пошироко толкување.
Во православната педагогија се формулирани и такви принципи кои покрај нивното црковно толкување и специфично формулирање, практично се совпаѓаат со поимањето на аналогните принципи во хуманитарната образовна парадигма.
Многу е важно наставниците да ги почитуваат принципите и да се раководат од нив во својата работа, бидејќи тие придонесуваат за квалитетот на наставата, а со тоа практично ќе исчезне случајноста на педагошки влијанија врз учениците.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Анета Јовковска-Принципи на работа на наставникот во сферата на духовното воспитание и образование.pdf
Size
675.05 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2a0c6aa81d283d6393e029bdc045ead1