Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. "Blaze Koneski" Faculty of Philology
  3. Faculty of Philology: Journal Articles
  4. Есејот како специфичен феномен во творечките преокупации на Ерол Туфан
Details

Есејот како специфичен феномен во творечките преокупации на Ерол Туфан

Journal
Литературен збор 4-6, 2020, 49-65.
Date Issued
2020
Author(s)
Abstract
Поставеноста на есејот во системот на жанровите претставува негово исклучително обележје и својство. Тоа произлегува од необичната поврзаност на фактичкото искуство и фикционалното преобликување, втемелена во неговата структура, што добива и своја карактеристична изразна компонента. Периферната поставеност на овој жанр среде класично (централно) поставените жанрови е нешто кое особено доаѓа до израз во еден несекојдневен меланж од содржински и изразни компоненти, каков што е поетскиот есеј. Тоа е доминантната обликотворна супстанца во која се структурирани поетските доживувања на дводомниот (македонски и турски) писател Ерол Туфан во неговата нова збирка Несоници, објавена во 2020 година од страна на издавачката куќа „ПНВ Публикации“. Изборот на оваа необична творечка форма (поетскиот есеј) несомнено сведочи за литературното искуство на авторот, со оглед на фактот дека тоа е негова четврта книга (која на некој начин ги дополнува неговите прозни есеистички искуства, повеќето пишувани во 90-тите години на 20 век и објавени во 2006 година, во збирката под наслов Книгољубецот). Овие факти сведочат за писателовата природна, но и развојна наклонетост кон овој жанр, која не е помала од неговите поетски преокупации, што е видливо и низ поетските збирки Балкански син (2013), Камчето од Вардар (2016) и двојазичната поетска збирка Меланхолија/Melankoli (2020). Во таа смисла, неговото творештво претставува суштински и неодминлив дел од развојот на македонската литература во 21 век, која е сѐ поразновидна и испреплетена со иновативни творечки пројави и тенденции.
Subjects

есеј, жанр, творечка ...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Есејот како специфичен феномен во творечките преокупации на Ерол Туфан.docx

Size

51.64 KB

Format

Microsoft Word XML

Checksum

(MD5):529d23028fe79138500ff4a082e3e3b0

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify