Биграфијата на Кузман Шапкарев во светлината на биографските дискурси
Journal
Палимпсести, год. 1 бр. 1
Date Issued
2016
Author(s)
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Abstract
Биографскиот дискурс се одликува со издиференцирани (ограничени, но и пошироки) карактеристики во споредба со автобиографските творби. Според критичарките Смит и Вотсон, најважната разлика меѓу биографиите и автобиографиите се состои во заземањето надворешна гледна точка (т.е. онаа на биографот), која соодветно го дефинира субјектот и пишувањето за него. Од една страна, ослободеноста од идентичноста меѓу раскажувачот и ликот дејствува како олеснување, но од друга страна, биографот е оневозможен да ги почувствува минатите настани внатрешно (за разлика од автобиографскиот субјект), па секогаш ги согледува отстрана (онака како што ги гледаат другите луѓе). Предмет на нашата анализа e биографијата на Миладиновци, напишана од страна на Кузман Шапкарев, која уште еднаш го потенцира начинот како се комбинираат модусите на биографското и на автобиографското. Со оглед на фактот дека и самиот Шапкарев е творец на дури две автобиографии, можеме да заклучиме дека (барем во македонскиот литературен 19 век) соодветното биографско отсликување на личноста не е можно без длабока (емотивна, но и идејна, етичка) поврзаност со претставената личност и нејзиното дело.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Биографијата на Кузман Шапкарев.pdf
Size
268.19 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):df1f05ce894a2368ac85267322723d99
