Класичната традиција во поетската визија на Јован Котески
Journal
Systasis, бр. 41, 2023, стр. 97 – 110.
Date Issued
2023
Author(s)
Abstract
Текстот се занимава со поезијата на Јован Котески од гледна точка на не-
говата творечка поврзаност со античките книжевни и културни теми и мотиви,
кои обележуваат една посебна фаза од неговото творештво. Развивањето на
неговата творечка мисла во таа насока значи повеќе од едноставно осврнување
кон традицијата, во смисла на користење и ефективно пресоздавање на опре-
делени антички мотиви и елементи. Во суштина, како што истакнува и Ефтим
Клетников, тоа е потрага по нови поетски простори, кои не се само хронотоп
на текстот туку и обид да се надминат границите што ги поставува животната
стварност. Во тој контекст, не е случајно што неговиот интерес за класичната
традиција се реактуализира во времето кога е затворен и изопштен, како чо-
век на маргините, кој и поетски прозборува за тоа во едно подоцнежно време.
Митолошкото во неговото творештво значи повеќе од навраќање кон изворот,
бидејќи тоа нуди катарзично прочистување од егзистенцијалната драма на
човекот, која нема крај. Во неговата визија, митот и, особено, хомеровската
традиција ја потцртуваат важноста на перформативноста како суштински
елемент на поезијата, која живее преку нестивнатите актуализации на ан-
тичките теми и ликови. Тие добиваат една нова димензија на животност и на
присутност, тие се нови во поинаквиот контекст, но истовремено потсетуваат
на сето она што традицијата го инкорпорирала во нив. Оттука, митското и
класичното стануваат своевидно својство на оваа поезија, како коегзистенција
на различните времиња и простори што бесконечно се проникнуваат, но и
критички се преосмислуваат.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
systasis_41_7.pdf
Size
262.12 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0efe9d48bf9ed67cde5f767967c8406d