Ендофталмитиси
Journal
Medicus
Date Issued
2023
Author(s)
Сотировски Б.
Цветковиќ Сандева Ј.
Божиноски А.
Abstract
Ендофталмитис е воспаление на внатрешните обвивки на окото, како резултат на интраокуларна колонизација на инфективни агенси, со ексудација во стаклестото тело и очната водичка. За постигнување на најоптимален исход по видната функција есенцијални се рана дијагноза и третман. Типот или категоријата на ендофталмитис влијаат врз клиничката презентација, микробиолошкиот наод и исходот по однос на видната функција. Во одредување на терапискиот пристап, потенцијалниот каузативен микроорганизам и степенот на окуларна инволвираност треба да ја одредат агресивноста на терапијата. Ендофталмитисот е една од најсериозните офталмолошки состојби, која бара итна медицинска помош и третман за да се спаси видот или да се спаси интегритетот на окото.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
3medicus-dhjetor-2023.pdf
Size
1.62 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):28b84c8ce4b39cb09525a967ea3855a0
