Македонскиот деветнаесетвековен расказ во контекст на жанровските промени
Journal
Предавања на XLIX меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 11-26 јуни 2016 година. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 75-96.
Date Issued
2017
Author(s)
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Abstract
Изделувањето на карактеристиките на расказот во македонската литература на 19 век претставува специфична задача, бидејќи и тука се среќаваме со жанровска разновидност, која варира од автор до автор. Од друга страна, расказот како жанр претставува специфична појава, која во својот историски развој поминува низ најразлични етапи, што оневозможува да се зборува воопштено за неговите жанровски карактеристики. Тие специфичности не се само културни, зависно од ареалот каде расказот се развивал, туку се и поврзани со неговата единствена структура, за која наједноставно се прифаќа дека е обележена со краткоста и стегнатоста на изразот. За расказот како жанр е карактеристична неунифицираноста на термините со кои се означува, a кои главно варираат во однос на културното подрачје каде настанале (новела, расказ, приказна, кратка приказна и сл.).
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Македонскиот деветнаесетвековен расказ во контекст на жан. промени.pdf
Size
376.46 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7aa434bccb23b2df6650b1447aeb55b7
