МОЖНИ КОМПЛИКАЦИИ ОД ФАКОЕМУЛЗИФИКАЦИОНА ХИРУРГИЈА НА КАТАРАКТА
Journal
Medicus
Date Issued
2022-04
Author(s)
Велковска Б
Петрушевска А
Нивичка Ќаева Ј
Шекеринов Д
Abstract
Катаракта се нарекува заматувањето на природната леќа на човекот кое води до разсејување на светлината, замаглување и постепено намалување на видот. Таа во најчест случај е промена на структурата на леќата од возраста. Во механизмот на настанување покрај биохемиските промени во леќата кои настанувааат со стареење, учествуваат и кокатарактогени фактори (системски болести, дијабет, белодробна инсуфициенција, хипертензија, изложеност на УВ зраци, лекови итн.).
Лекувањето на катарактата е единствено оперативно. Компликациите од хирургијата на катаракта се различни во однос на времето и опсегот на настанувањето. Воглавно се делат на: интраоперативни, непосредни или компликации кои се јавуваат доцна во постоперативниот период. Компликациите кои резултираат со намалување на видната острина се поретки со модерната технологија и факохирургијата, посебно кога се изведуваат од искусен фако-хирург.
Заклучок: Несомнено со напредокот на хируршката технологија и техники, операцијата на катаракта еволуираше во хирургија со мали инцизии, со брзо визуелно закрепнување, добри визуелни резултати и она што е најзначајно минимални компликации кај повеќето пациенти. Важно е да се напомене дека сите сегменти од оперативниот тек мора да се следат според претходно пропишани протоколи за изведување на катаракта, а пациентите да се опсервираат постоперативно во периодични интервали.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
medicus-prill-2022.pdf
Size
2.16 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):120ec5c8f0ede8acf76dd5e3052d1b33