ПРЕДАНИЈА ЗА КАМЕНИТЕ СВАТОВИ ВО УСНАТА ЛИТЕРАТУРА И ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА И КАЈ ХРВАТИТЕ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Date Issued
2024-08
Author(s)
Мирна Бркиќ Вучина, Трајче Стамески
Abstract
Во усната книжевност и традиција во Македонија и кај Хрватите во Босна
и Херцеговина, жанрот предание е сè уште цврсто присутен. Како уснокнижевни
жанрови, преданијата се темелат на верувањето во вистинитоста на (рас)кажаното и
во нив се силно изразени елементите на одредена култура, како и заедница на
раскажувачи и слушатели, а воедно тие се жанрови кои се најтесно поврзани со
локалниот простор во кој се раскажуваат. Честопати, преданијата се поврзуваат со
некој забележлив, истакнат предмет во просторот и го објаснуваат неговото потекло.
Овој предмет може да биде во антропоморфна или во природна форма, на пример,
карпа/и, гробишта, рид, пештера, итн. На различни локации во делот на Босна и
Херцеговина и во Македонија можно е да се забележат антропоморфни камени
облици настанати по природен пат чие постоење локалното население го објаснува
како свадбена трагедија предизвикана од турското насилство врз христистијаните или
понекогаш како последица на мајчинска клетва. Овие форми луѓето ги нарекуваат
камени сватови (свадби). Во овој труд, ќе се фокусираме на преданијата за
антропоморфните камени форми, камените сватови (венчавки) кои сè уште ги
раскажуваат Хрватите низ Босна и Херцеговина, како и локалното население во
Македонија.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ПРЕДАНИЈА ЗА КАМЕНИТЕ СВАТОВИ.pdf
Size
1.94 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b0af879c87c1c004fa03e3a086250d00