Територија на согласност помеѓу современата и православната педагогија во однос на духовното образование
Date Issued
2015
Author(s)
Aneta Jovkovska
Abstract
Духовното образование може да се разгледува како феномен кој ја определува смислата на животот на човекот во светот и ја открива и реализира човековата суштност. Методолошкиот инструментариум за истражување на духовното образование е застапен во концептуалните ставови на феноменолошкиот пристап, херменевтиката и егзистенцијализмот кои можат да бидат поврзани со теолошкиот пристап, а исто така и со принципот антиномичност - дијалогичност.
Духовното образование како феномен, како појава и како дејност се проучува и во контекст на хуманитарната педагошка парадигма, каде што образованието е разбрано како „начин на живеење“, а главната цел е негувањето на „човековите квалитети“ – духовноста, што дозволува да се појави „територија на согласност“ помеѓу научната и православната педагогија во сферата на духовното образование.
Идентификуваните значајни карактеристики на духовното образование претставуваат „територија на согласност“ помеѓу научната и православната педагогија. Тие можат условно да бидат поделени во четири групи: карактеристики кои го одразуваат односот на човекот кон вредностите; карактеристики кои ги откриваат особеностите на човековото постоење во културата; карактеристики поврзани со индивидуалниот свет на човекот и оние кои го карактеризираат односот на човекот кон Другиот.
Заедно со значајните карактеристики на духовното образование постојат и карактеристики кои се специфични за разбирањето на духовното образование во православната педагогија. Можноста за нивно вклучување кон научно-педагошките знаења зависи од улогата која ја имаат во нивната религиозна компонента. Од оваа гледна точка, православната педагогија го разбира духовното образование како пат за спасение на душата.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Анета Јовковска-Територија на согласност помеѓу научната и православната педагогија во однос на духовното образование.pdf
Size
584.18 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):8600c67ef99faf661e9b8e2dbbbdd3aa