Развојот на постпозитивниот морфолошки член во македонскиот јазик како експонент на генеричната референција
Journal
Slovene
Date Issued
2022-12
Author(s)
Karapejovski, Boban
DOI
10.31168/2305-6754.2022.11.2.11
Abstract
Постпозитивниот морфолошки член е главниот експонент на граматичката категорија определеност, заедно со показните заменки, во македонскиот јазик. Сепак, постојат видови определеност каде што членот се специјализирал и станал единственото средство што може да се употреби како маркер на соодветната референција. Сфаќањето на нешто како идентификувано, издвоено, определено, детерминирано итн. е субјективно и припаѓа во доменот на комуникацискиот чин, па затоа определеноста, sensu lato, и членост, sensu stricto, може да се означат како егоцентрички единици на јазикот (егоцентрици). Од друга страна, пак, генеричност, која подразбира упатување кон цело множество, т.е. род (genus), grosso modo, го исклучува членот како експонент на определеноста сфатена како множество од конечен број елементи, кои можат да се идентификуваат. Историскиот развој на членот упатува на тоа дека кај овој тип референција тој најдоцна се појавува како показател, а за тоа влијаеле извесни синтаксички и прагматички фактори, односно устројството на реченицата и актуелното реченично раслојување — тематско-рематската структура на исказот.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2022_2_Karapejovski.pdf
Size
1.11 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2c86b612e0e6291ff8c3031f80cd9f5e
