ВЕЛАМЕНТОЗНА ИНСЕРЦИЈА НА ПАПОЧНАТА ВРВЦА КАЈ ЕДИНЕЧНА БРЕМЕНОСТ КАКО РЕТКА ПРИЧИНА ЗА ИТЕН ЦАРСКИ РЕЗ
Journal
MEDICUS
Date Issued
2022
Author(s)
Димитар Георгиев
Беким Дика
Башким Исмаили
Abstract
Кај околу 2% од нискоризичните бремености раѓањето се завршува со итен царски рез. Бидејќи половина од
овие случаи се асоцирани со абнормалности на плацентата или папочната врвца, пренаталната детекција
на овие абнормалности ќе доведе до намалување на итните царски резови кај нискоризични бремености.
Веламентозната инсерција на папочната врвца е абнормална инсерција кога умбиликалните крвни садови
не навлегуваат директно во плацентата, туку навлегуваат помеѓу амнионот и хорионот пред да дојдат до
плацентата. Инциденцата на оваа абнормалност изнесува 1% и е асоцирана со обстетрички компликации.
Се дијагностицира ултрасонографски во вториот триместар со сензитивност од 67% и специфичност од 100%.
Преку презентираниот случај на пациентка со присутна веламентозна инсерција на папчаник, сакаме да
ја потенцираме важноста на детекцијата на местото на инсерција на папочната врвца уште при рутински
ултрасонографски преглед, со цел идентификација на бременостите со веламентозна инсерција на папчаникот
и ризик за обстетрички компликации.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Velamentozna insercija.pdf
Size
439.76 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):9551896fc3cbe6573b5f7cf0bfe88482