ФУДРУЈАНТЕН ТЕК НА УВЕИТИС КАЈ МЛАД ПАЦИЕНТ со Бехчетова болест
Date Issued
2022-10
Author(s)
Трпеска Бошкоска А.
Пандилов С.
Abstract
Резиме
Вовед: Бехчетовата болест е редок системски васкулитис од непознато потекло. Болеста
се презентира со широк клинички спектар на рекурентни афтозни мукокутани улцерации,
увеитис, како и невролошки, артикуларни, гастроинтестинални, хепатални и ренални ма-
нифестации.
Цел: да се прикаже клиничката слика кај пациент на 16-годишна возраст со билатерален
хроничен увеитис кај кој е дијагностицирана Бехчетовата болест.
Приказ на случај: пациент на 16-годишна возраст (машки пол) се јавува на ЈЗУ УК за оч-
ни болести во Скопје, со анамнестички податок за намалување на видната острина на
двете очи, како и појава на рекурентни афтозни орални улцерации. Евалуацијата преку оф-
талмолошки преглед на биомикроскоп, направената оптичка кохерентна томографија на
заден сегмент, ехографија на око и фундус флуоресцеинска ангиографија ја потврдија
дијагнозата на панувеитис на десното око и преден увеит на левото око. Кај двете очи во
предната комора беше забележано присуство на клеточна инфалмација, во витреалното
тело беше забележана ексудација, додека на десното око на прегледот на очното дно беше
забележан цистоиден макулрен едем и знаци на васкулитис. Беа направени и дополнителни
испитувања (HLA-типизација, ANA, RF, CRP, патерџи-тест) кои ја потврдија дијагнозата на
Бехчетовата болест. Кај пациентот беше ординирана локална терапија во форма на капки
(кортикостероини, циклоплегични препарати) и во форма на кортикостеридни субтенонови
инјекции. Во консулатација со ревматолог беше ординирана системска биолошка терапија
инфликсимаб и имуномодулаторна терапија со азатиоприн и циклоспорин.
Заклучок: при појавата на афтозни мукокутани улцерации во асоцијација со увеитис, се-
когаш треба да се помисли на Бехчетовата болест. Терапискиот пристап на Бехчетовата
болест зависи од органите што се инволвирани, како и сериозноста на прогресијата на
болеста. Токму затоа е неопходен персонализиран и мултидисциплинарен пристап за со-
одветно лекување на пациентите со Бехчетова болест.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
конгрес.jpg
Size
230.16 KB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):f1aa509c838cef1e99ddbac3a015efd9
Loading...
Name
Фудрујантен.jpg
Size
223.59 KB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):201098c945dccc5dd643dc6d6df6bc49