Лавот и лисицата. Животинскиот свет како мотивација за создавање германски и македонски називи на лица
Date Issued
2024
Author(s)
Жанета Савиќ
Abstract
За локусот на метафората денес знаеме неспоредливо повеќе од кога
било претходно. Метафората не е лоцирана само во јазикот, таа е широко распространет
феномен што ја опфаќа целата културна стварност – вклучувајќи ја и материјалната
култура, како и физичките случувања: без метафора не би можеле да го разбереме
светот во кој живееме. Истражувањето на метафората во последните речиси три века
ја идентификувало во, меѓу другото, когницијата, културата. Когнитивната лингвистика
и концептуалната теорија на метафората, развиени од Лејкоф и од Џонсон (1980), ја
поставуваат метафората пред јазикот. Оваа теорија ја разгледува метафората не само
како средство за укажување на сличностите меѓу различни ентитети, туку многу
повеќе како средство за создавање, структурирање и за организација на стварноста. Во
рамките на лингвистичките проучувања, досега не е направена детална и сеопфатна
контрастивна анализа на германските и на македонските метафорични називи на лица
од културнополитички, социолингвистички, психолингвистички, концептуален и од
зборообразувачки аспект. Метафоричните називи на лица, посебно од гледиштето на
когнитивната лингвистика, се сликовит приказ на јазичните специфики, на менталитетот,
како и на културните сличности и разлики помеѓу народите. Впрочем, не е можно да се
истражува нешто – било да се тоа култури, јазици, животни или камења – без да бидат
земени превид културните особености на народите.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Жанета Савиќ, Млади македонисти 2024.pdf
Size
4.23 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7c8ee2ef8b3b89d092b204436c895fcc