Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. "Blaze Koneski" Faculty of Philology
  3. Faculty of Philology: Conference papers
  4. Списанието „Македонски глас“ во контекст на македонската културна традиција
Details

Списанието „Македонски глас“ во контекст на македонската културна традиција

Date Issued
2024
Author(s)
Abstract
Текстот се занимава со истражувањето на одделните статии пишувани од Димитрија Чуповски и од други дејци во списанието Македонски глас, во кои се реактуализираат одредени прашања поврзани со македонската култура и традиција. Посебно значење, како претходница на Другарството на Чуповски, има дејноста на Лозарите и статиите објавувани во списанието „Лоза“, како израз на зародените македонски национални културни и јазични стремежи, како и меморандумите на Другарството. Во Меморандумот објавен во првиот број на списанието „Македонски глас“, низ пет одделни точки (барања) се укажува на правото на самоопределување на Македонците, македонската самостојност, рамноправна улога на Македонија во Балканскиот сојуз, обновувањето на Охридската архиепископија како независна национална црква и потребното народно собрание во Солун, кое ќе се одржи под покровителство на соседните држави. Во тој контекст се анализира и идејата за Балканската федерација, позната и афирмирана како можна преодна фаза во осамостојувањето на Македонија низ делото на Спиро Гулапчев. Одделните статии од списанието „Македонски глас“ се анализираат од перспективата на имагологијата и во однос на специфичностите на историскиот наратив, кој сведочи за идеолошки активната борба за диференцирање на македонските и на бугарските национални интереси, во светлината на Балканските војни и на Првата светска војна. Статиите ги потцртуваат димензиите на културната конструкција и реконструкција на националните личности и процеси, кои непрестајно се варираат. Сепак, таквата варијација воопшто не значи релативизам, туку можност за афирмирање на сопствената национална, јазична и културна посебност, како феномен кој е определен од доминантната визија на набљудувачот (содејствувачот) во рамките на соодветната културна сфера.
Subjects

Димитрија Чуповски, „...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Искра Тасевска - Списанието „Македонски глас“.docx

Size

59.67 KB

Format

Microsoft Word XML

Checksum

(MD5):43098e5252756f10f2f0198cb20fe1c6

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify