„Мечта на еден старец“ од Григор Прличев среде жанровите на македонската литература од 19 век
Journal
Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кн. 43-44.
Date Issued
2018
Author(s)
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Abstract
Македонската литература од 19 век, обележана со мноштво противречности, како на историски така и на културен план, претставува едно од најпроблематичните места при книжевноисториското следење на македонската литература. Тоа се забележува и во обидите да се исцрта развојот на книжевните жанрови во македонската литература, што е нужно од повеќе причини, бидејќи таквиот потфат фрла светлина врз последичните пројави во 20 и во 21 век, кои често се аспектираат како изолирани и самодоволни. Анализата се осврнува кон една проблематична текстовна конструкција од жанровски аспект – „Мечта на еден старец“ од Григор Прличев, која не само што го актуализира проблемот на жанрот, туку и ја загатнува специфичноста на промислувањата на Прличев. Во таа смисла, тој текст е и (авто)поетички, меѓу ретките расправи од тој вид во тој период од развојот на македонската литература
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
„Мечта на еден старец“ на Григор Прличев среде жанровите.pdf
Size
270.67 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):a6f9d8608783d6c8fc1c3d34c1a1a34b
