Кон Црковнословенскиот јазик на фреските од Македонија од Блаже Конески
Date Issued
2023
Author(s)
Marija Paunova
Abstract
Предмет на интерес во овој прилог е трудoт на Блаже Конески, Црковнословенскиот јазик на фреските од Македонија, со акцент на фреско-натписите објавени во него. Целта е да проследат некои од јазичните особености на црковнословенскиот јазик користен во декорација на црквите. Само преку систематско изучување и лингвистичка интерпретација и на натписите во Македонија, како што истакнува Конески, се добива интегрална и поподробна слика за сите етапи од развојот на јазикот и, воопшто, за историјата на црковнословенската писменост во Македонија.
Subjects
