Простата и строга песна во најраната творечка фаза на Конески
Date Issued
2023
Author(s)
Антоновски, Иван
Abstract
Трудот е посветен на поезијата од најраната творечка фаза на Блаже Конески (1938/9 - 1941), односно на неговите први поетски обиди остварени во раната младост, при што како примарен извор се користи архивска граѓа од неговата оставнина. Посебно внимание во трудот се посветува на поезијата на Конески од овој период којашто е создадена на македонски народен јазик, започнувајќи од неговата прва песна напишана на македонски јазик „Писмо на една мајка“, датирана на 10 март 1939 година. Целта на истражувањето е да се анализираат поетичките особености на поетските почетоци на Конески во контекст на поетичките особености на неговото натамошно поетско творештво. Притоа се отвора прашањето дали поетичките специфики коишто ја дефинираат простата и строга македонска песна е одлика и на оваа фаза од творечкиот пат на великанот, при што се анализира и колку неговото поимање на актуализацијата и следствено иновацијата се препознава во неговите најрани поетски текстови. Констатациите од анализата упатуваат кон согледба дека и во оваа најрана творечка фаза на Конески се забележуваат поетички особености коишто потоа ќе ја дефинираат поетиката на простата и строга македонска песна, како на тематско-мотивски план, така и во однос на стилот. Едновремено се доаѓа до согледба и дека овие песни (барем оние коишто се зачувани) се исто така клучни за реконструкција на лирската биографија на Конески. Значењето на оваа творечка фаза на Конески за неговиот творечки опус, во трудот се оценува и преку присуството на дел од песните од најраниот период во негови книги, пред сè во збирката „Песни“ (1953).
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
_0429203148_001.pdf
Description
ПРОСТАТА И СТРОГА ПЕСНА ВО НАЈРАНАТА ТВОРЕЧКА ФАЗА НА КОНЕСКИ
Size
610.68 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):8c2f2586bc44cf4e10938d1305209d0b
