Стилот и преведувањето низ призмата на когнитивната улога на преведувачот како примател на текстот при креативниот процес
Journal
ПАЛИМПСЕСТ
Date Issued
2018
Author(s)
Ѓурчевска-Атанасовска, Катарина и Соња Китановска-Кимовска
Abstract
Во овој труд се третира комплексната природа на врската помеѓу стилот и преведувањето. Имајќи го предвид фактот дека оваа тема е многу малку истражувана, целта на трудот е да се потенцира важноста на когнитивната улога на преведувачот како примател на текстот при креативниот процес кој подразбира преведување книжевни текстови. Преку споредбена анализа на преведени литературни текстови од англиски на македонски јазик, се акцентира перспективата и важноста на примателот на текстот (преведувачот) при восприемањето на стилскиот ефект од оригиналот и при начинот на кој тој се пренесува или се менува во преводот, што влијае на квалитетот на преводот генерално. Ваквиот пристап кон преведувањето ја акцетира улогата на преведувачот како читател во текот на креативниот процес, а поттикнува и други прашања како што се стилот на самиот превод како одраз на изборите на преведувачот и неговиот стилски ефект врз останатите читатели.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2018_Palimpsest.pdf
Size
4.95 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0b01ab3d0eb49725b9e1b0840dca372f
