Основни причини за финансиската криза во САД, последиците и излезот
Date Issued
2012
Author(s)
Џамбазовски, Никола
Abstract
И покрај големиот број на информации и инволвирани субјекти во финансиската криза, најверојатно сè уште е рано да се одредат точните причини, последици и мерките коишто треба да се преземат за да се заштити системот од вакви драматични дисторзии. Ќе поминат уште многу декади и истражувачи кои одблизу ќе ги анализраат драмитичните настани кои се случија во краток временски период (2007-2009) пред да се има сосема јасна слика што точно се случи. Најголемите финансиски институции и нивните менаџери се соочија со предизвици далеку поголеми од нивните очекувања и индивидуални можности. Се случи тоа што ниту најпесимистичките аналитичари не го предвидоа, опасност од тотален колапс на глобалниот финансиски систем со катастрофални последици за реалната економија и воопшто за концептот на либералната економија како систем на уредување. Комплексноста на финансискиот систем и неговата поврзаност е толку голема што многу мал број на луѓе имаа целосна слика за тоа што се случува. Државните власти, особено на САД мораа да преземат мерки кои биле незамисливи пред настанувањето на кризата. Стратешки одлуки се носеа преку ноќ, често без доволно време за анализа и точна перцепција за влијанието на тие одлуки врз пазарот. Парадигмата на пазарната економија доби сосема нова реалност. Голем дел од директните учесници ќе бидат запаметени како директни или индиректни виновници за оваа катастрофа, додека дел од нив ќе бидат херои на своето време. Оваа граница, и тоа кој на која страна од истата ќе се најде е исклучително варијабилна катагорија која претпоставувам ќе се менува во годините што претстојат. И покрај тоа што помина само краток временски период, многу трудови веќе ја анализираат кризата од различни апспекти. Секогаш произлегуваат скриени причини, нови последици и алтернативни мерки за регулирање на системот во иднина. Дебати и дискусии ќе се одвиваат во годините што се пред нас, кои ќе отворат нови хоризонти и знаења и ќе ја надополнат сликата за финансиската криза. Секогаш ќе откриеме нешто ново на што до тој момент не сме обрнале внимание. Затоа во овој труд не претендирам да ја дадам точната вистина туку само мојот поглед на настаните.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
NikolaDzambazovski2012.pdf
Size
3.4 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0b192534b7725fd8339308c807fb9ab8
