Ехо колор доплер сонографски карактеристики на каротидната плака кај симптоматски и асимптоматски пациенти со високостепена стеноза
Journal
Електронско списание за кардиоваскуларна медицина
Date Issued
2024-11
Author(s)
Petkoska Spirova, Danica
Vasilev, Ivan
Abstract
Вовед: Карактеристиките на каротидната плака проценети со користење на ехо колор доплер сонографија може да бидат корисни во предвидување на цереброваскуларни несакани збиднувања. Целта на ова испитување беше да се направи анализа на каротидната плака и процена на степен на каротидна стеноза кај симптоматски и асимптоматски пациенти. Материјал и методи: Eдноцентрична, проспективна студија беше спроведена на УК за Кардиологија, во која беа вклучени 101 симптоматски и асимптоматски пациенти. Симптоматската каротидна стеноза (средно-степена 50-69% и високо-степена 70-99%), се карактеризира со транзиторни или трајни невролошки симптоми кои се случиле во претходните 6 месеци. Кај сите пациенти беа земени демографски податоци, направен ехо колор доплер сонографија за анализа на каротидната плака и проценка за степен на каротидна стеноза. Резултати: Средната возраст на пациентите беше 67.8±8.2, од кои 68.3% беа мажи. Од кардиоваскуларните ризик фактори, хипертензијата, дислипидемијата, дијабетесот и пушењето - беа најчести со 91, 44.5, 37.7 и 33.6% последователна застапеност. Претходен исхемичен мозочен удар имале 33, додека транзиторна исхемична атака имале 20 пациенти. Среден степен на стеноза проценета со ДУС беше 91.8±6.1, која статистички значајно не се разликуваше во споредба со проценка на стенозата со ангиографија. Должината на лезија беше 19.2±3.3мм, со минимален лумен дијаметар 1.42±0.49мм. Според морфологијата на плаката, во најголем процент беа со нерамна површина 62.4%, концентрични 68.3%, ехогени 56.4%, додека улцерирачки плаки во 4.95%. По направената споредба во однос на карактеристиките на каротидна лезија за третман, кај пациентите со асимптомптоматска каротидна болест, се забележа дека имаат поголем процент концентрични хипоехогени плаки, како и присуство на контралатерална оклузија. За рaзлика од нив, кај симптоматските пациенти доминираа ехогени плаки и string sign лезии. Заклучок: Ехо колор доплер сонографијата се покажа дека е доверлива и ефикасна неинвазивна метода во дијагнозата и проценката на каротидната стеноза. Хипоехогените плаки со нерамна површина може да претставуваат маркер за зголемен ризик на цереброваскуларни збиднувања. Присутните доплер ултрасонографски карактеристики кои го зголемуваат ризикот од руптура на плаката се многу побитни од степенот на каротидна стеноза. Потребно е понатамошните истражувања да ја консолидираат нивната клиничка вредност и да се насочат во инкорпорирање на новите ултразвучни модалитети во секојдневната пракса за проценка на каротидна болест.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ECVM-11.pdf
Size
687.58 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):221b2d2d50427727d4ac5b09c0220405
