Повеќеслојна творечка актуализација (поетскиот дискурс во двојазичната збирка „Меланхолија“ од Ерол Туфан)
Journal
ournal of Contemporary Philology, 4 (2), 2021, pp. 105 – 115.
Date Issued
2021-12
Author(s)
DOI
https://doi.org/10.37834/JCP
Abstract
Текстот се занимава со истражување на проблемот на творењето на два различни јазици, што истовремено го актуализира и прашањето за припадноста на авторот. Фактот дека поетот Ерол Туфан е дводомен поет, кој е роден и дејствува извесно време во Македонија, а потоа и во Турција, умешно творејќи и на македонски и на турски јазик, не може да понуди темелно разрешување на загатката за поетовата онтолошка припадност, која во овој случај се изразува низ поседувањето на една специфична „номадска свест“, сфатена како хуманизам во неговиот најизворен облик. Двојазичната поетска збирка Меланхолија/Melankoli задира во она што се нарекува „транслингвално пишување“, односно „себепреведување“, како одраз на играта на различните јазични кодови, претставувајќи текст кој е всушност динамична манифестација на повеќе аспекти од творечката личност. Во таа смисла, себепреведувањето, кое претставува можност за создавање на нешто повеќе од едноставен јазичен еквивалент (бидејќи е во прашање креирањето на творечкото себство на другиот јазик) недвосмислено го поставува проблемот на обликувањето на личноста наспроти нејзината конструкција во другиот (туѓ) контекст. Визијата за поетот преселник, транскултурализмот и авторовите поетички размисли ја прават поезијата на Ерол Туфан неодминливо четиво кое е суштински дел од македонската литература, умешно избегнувајќи ги стапиците на лингвистичкото кодирање и неговите ограничувања.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
1616-Article Text-2947-1-10-20211215.pdf
Size
356.23 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):bab042eb207218a0ce5cb5bc206342fa
