Жанровските карактеристики на словата на Кузман Шапкарев
Journal
Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кн. 41-42.
Date Issued
2016
Author(s)
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Abstract
Текстот се занимава со дилемите околу етаблирањето на жанрот беседа во македонската литература, неговите историски промени, како и автореференцијалноста која понира во неговото ткиво. Истражувањето на дејноста на Кузман Шапкарев треба да се насочи кон аспектирање на едно делумно подзаборавено подрачје, на кое своевремено, на неколку наврати, укажа Александар Трајановски, а кое се однесува на неговите слова. Во својата студија за словата на Шапкарев, која содржи фактичко претставување на неколку негови слова и нивно толкување во врска со културниот и историскиот контекст во кој се создавани, Трајановски ја потцртува учителската дејност на Шапкарев, со која се поврзани овие слова, бидејќи тие се подготвувале пригодно (за крајот на годината и во врска со чествувањето на празникот на словенските просветители, светите Кирил и Методиј).
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Жанровските карактеристики на словата на Кузман Шапкарев.pdf
Size
263.94 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):aea26a21959a47c7a25190afd81e3ca9
