Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. "Blaze Koneski" Faculty of Philology
  3. Faculty of Philology: Conference papers
  4. Употреба на еврожаргонот во македонскиот јазик
Details

Употреба на еврожаргонот во македонскиот јазик

Date Issued
2022
Author(s)
Саздовска Пигуловска, Милена
Abstract
Со оглед на евроинтегративните процеси коишто се започнати од Република Северна Македонија уште пред две децении, а коишто значително ќе се интензивираат во следните неколку години, во македонските медиуми и институции е сè поприсутна употребата на
еврожаргонот. Еврожаргонот ја претставува терминологијата карактеристична за Европската Унија (ЕУ) и претставува специјална лексика со ограничена употреба во институциите на ЕУ, вклучително и во европските медиуми со цел информирање на пошироката јавност за случувањата во европско тло. Пристапувањето кон ЕУ наложува
значајни промени од државите пристапнички во текот на определен временски период, не само од политички, економски и институционален аспект, туку и од јазичен аспект. Имено, јазичниот критериум за членство во ЕУ подразбира преведување на европското
законодавство на националниот јазик на државата пристапничка со цел подготовка на националната верзија на т.н. acquis communautaire. Тоа го претставува идното законодавство на државата пристапничка во ЕУ, коешто ќе треба да биде разбирливо и за обичните граѓани. Како резултат на овој процес, специфичната терминологија на ЕУ (т.н.
еврожаргон) уште одамна навлегува во македонскиот јазик, а особено во процесот на транспонирање на европското законодавство во македонското законодавство.
Subjects

стручна лексика, евро...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Употреба на еврожаргонот во македонскиот јазик.pdf

Size

8.43 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):781d5181acf179b8a399fe468095cf06

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify