Прирачник со наставни активности по терминолошки предмети во настава по преведување и толкување
Date Issued
2021
Author(s)
Саздовска Пигуловска, Милена
Поповска, Солзица
Abstract
Интердисциплинарните студии по преведување и толкување опфаќаат висок степен на практична настава надополнета со теоретска настава, при што целта е да се развиваат клучните компетенции за профилот преведувач, односно толкувач во согласност со меѓународните и европските стандарди. Во согласност со Рамката за компетенции од 2017 година на Европскиот мастер за преведување, којшто претставува референтен стандард за европските универзитети, се предвидени пет главни компетенции за преведувачите и тоа посебни компетенции за јазик и култура, за преведување, за примена на технологија, за персонални и интерперсонални вештини, како и за давање преведувачки услуги. Во рамките на посебната компетенција за преведување се предвидува и стекнување терминолошка (под)компетенција, односно стекнување познавања и изучување терминологија во определени стручни области. Меѓу другото, со Европската рамка се предвидува уште една клучна компетенција за студентите, а тоа е развивање дигитални вештини за примена на технологија, како што се софтверски и други алатки за компјутерски потпомогнато преведување и за уредување терминологија.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Priracnik so nastavni aktivnosti po terminoloski predmeti.pdf
Size
921.31 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):877beeb7fdfa1e8b867a25c1d2ed9f1b
