Воспитното значење на проповедите и беседите од архиепископот Доситеј
Journal
Возобновителот: споменица во чест на Архиепископот охридски и македонски Доситеј (монографија)
Date Issued
2021
Author(s)
Aneta Jovkovska
Abstract
Архиепископот Доситеј, како прв архиепископ на Македонската православна црква и возобновител на Охридската архиепископија, својот живот го посветил во служба на Бога и на македонскиот православен народ. Исполнувајќи ја својата христијанска и родољубива мисија, постојано бил со верниците, поучувајќи ги да негуваат благороден, мирољубив и христијански дух.
Во неговите проповеди и беседи секогаш бил присутен духот на Свети Климент Охридски, а нивната поучна содржина има големо воспитно значење не само за верниците во тоа време, на кои тој директно им се обраќал, туку и за верниците денес. Во нив се проткајуваат возвишените евангелски пораки за одликите што треба да ги поседуваат христијаните: љубов кон сите луѓе, градење и негување на мирот, зачувување на сите придобивки, а истовремено, спротивставување на сите негативности што го притискаат современиот свет. Затоа, проповедите и беседите од архиепископот Доситеј претставуваат ретка духовна вредност и ја збогатуваат духовната ризница на светата православна црква.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Monografija-Arhiepiskop ohridski i makedonski Dositej-129-134.pdf
Size
20.62 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0081014ee44c7be01026957fd4865ea6