Христијанските вредности во делата на свети Климент Охридски
Date Issued
2020
Author(s)
Aneta Jovkovska
Abstract
Осврнувајќи се на делата на големиот словенски учител - свети Климент Охридски, во нив ќе пронајдеме многу размислувања и објаснувања за христијанските вредности. Всушност, најголемиот дел од Светиклиментовите слова и поуки се состојат од одделни појаснувања за суштината на вредностите кои се еднакво потребни да се стекнат и да се негуваат од страна на секој христијанин.
Неговите поученија одиграле значајна улога во преобразбата на македонските христијани и позитивно делувале врз нивниот духовен и морален развој. Преку беседите, светителот настојувал да им разјасни на верниците некои основни принципи на христијанскиот морал. Ја оставил пораката до христијаните од сите времиња да бидат постојано во доброто и во исполнувањето на Божјите заповеди.
Денес, Светиклиментовите слова и поуки претставуваат извор на инспирација и пример за христијански подвиг и добродетелен живот.

Subjects