РЕДОК СЛУЧАЈ НА ЛЕЈОМИОМ СО БИЗАРЕН НУКЛЕУС - ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ
Journal
Medicus
Date Issued
2024-12-25
Author(s)
Abstract
Фиброидите потекнуваат од мазни мускулни клетки на матката (миометриум) чиј раст првенствено зависи од нивото на циркулирачкиот естроген. Една студија од почетокот на 2003 година на Baird et al. покажа дека инциденцата на фиброиди кај жените до 50-годишна возраст била 70% за белите жени и достигнала над 80% црните жени. Фиброидите може да се манифестираат како асимптоматски случаен наод на снимање или симптоматски. Вообичаени симптоми вклучуваат абнормално крварење на матката, карлична болка и болки во грбот. Утерусните фиброиди обично се гледаат на три локации: субсерозни (надвор од матката), интрамурални (внатре во миометриумот) и субмукозни (во внатрешноста на матката). Според Де Ла Круз и сор., лејомиомите сочинуваат 39% од сите хистеректомии годишно. Според Cardozo et al., во 2013 година, проценетиот трошок за САД поради миомот на матката беше помеѓу 5,9 и 34,4 милијарди долари годишно. Очекувањата се дека оваа бројка ќе продолжи да расте во наредните години.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
medicus-dhjetor-2024.pdf
Size
2.3 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):ff692cb9b47e71662a87795c1eadf138
