Епитафот на Кирил Пејчиновиќ како книжевноисториски и жанровски феномен во истражувањата на Блаже Конески
Date Issued
2022
Author(s)
Abstract
Текстот се осврнува кон истражувањата на Блаже Конески за македонскиот 19 век во функција на подеталното отсликување на неговата анализа на епитафот од Кирил Пејчиновиќ. Уште од своите почетни студии за 19 век, Конески активно ја промислува релацијата на јазикот и книжевноста. Илустрирајќи го развојот на литературниот јазик во 19 век преку динамичната размена меѓу народните говори и јазикот на книжнината (црковнословенската литература, пред сѐ), Конески успева да ја потврди историската оправданост на феноменот македонска култура кој е тогаш дефинтивно етаблиран во славистиката, со што обидите за нејзино дезавуирање се осветлуваат само како злонамерен политички чин. Анализата на епитафот на Пејчиновиќ Конески ја прави преку осврнување кон стихуваниот дел од текстот, со што елементите кои носат информации за неговото создавање одат во втор план. Тој го истражува специфичниот десетерец кој го применува Пејчиновиќ, како и римата која се среќава во него и која не е карактеристична за нашата народна песна, заклучувајќи дека „римуваниот десетерец сепак не е пронајдок на самиот Пејчиновиќ. Тој имал образец за него секако во некои српски текстови со религиозна содржина пишувани со таков стих.“ Овие согледувања ги дополнуваме со анализа на специфичната структура и поставеност на жанрот во поширокиот културен контекст. Во форма на дијалошко сопоставување на различните пристапи (генолошки, книжевноисториски, критички), заклучуваме дека истражувањето на македонскиот 19 век подразбира потреба од постојано преосмислување и надградување на наследените концепти и анализи, во функција на соодветното разбирање на природата и на значењето на тој исклучително важен период од развојот на македонската култура.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Искра Тасевска - Епитафот на Пејчиновиќ.docx
Size
41.07 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):1ff3c16a5abd8d306afbb02d41569ba3
