ЛЕСТВИЦАТА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК ВО МАКЕДОНСКАТА ЦРКОВНОСЛОВЕНСКА ТРАДИЦИЈА
Journal
Годишен зборник на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје
Date Issued
2022
Author(s)
Александар Крстаноски
Abstract
Со појавата и развојот на монашките средини во 4. век, се појавува и таканареченета аскетска литература, која служела како поучно четиво во веќе развиените општежитија. По примерот на овие четива, иако во период на пад на богословската книжевност, на почетокот од 7. век свети Јован Синајски ја составува својата Лествица, која во себе се чини дека го сублимира целото духовно и литературно искуство од претходните векови. Тоа придонело овој уникатен споменик на рановизантиската книжевност многу рано да биде преведен на словенски јазик, а денес славистичката наука да располага со повеќе од сто примероци на негови преписи. Македонија не заостанала на овој план, па значаен број од словенските ракописи на Лествицата според своите особини (пред сѐ јазични) се поврзуваат со македонската територија, иако поголемиот дел од нив се наоѓаат во библиотеки или збирки надвор од државата.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ЛЕСТВИЦАТА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК ВО МАКЕДОНСКАТА ЦРКОВНОСЛОВЕНСКА ТРАДИЦИЈА.pdf
Size
1.38 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):560b42db5435032d270c44ab8d943a21
