Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  3. UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
  4. Избор на најоптимален хуруршки третман кај скршеници на вратот на бутната коска
Details

Избор на најоптимален хуруршки третман кај скршеници на вратот на бутната коска

Date Issued
2020
Author(s)
Савески, Александар
Abstract
Вовед: Скршениците на колкот претставуваат голем интернационален здравствен проблем. Ваквите повреди доведуваат до се почеста хоспитализација, инвалидитет, физичко и ментално нарушување што пак резултира со загуба на независност и самостојност, потреба од туѓа нега и неспособност луѓето да продолжат со истиот квалитет на живот кој го имале пред повредата. Имајќи ги предвид сите посттрауматски последици кои ги придружуваат овие скршеници, од витален интерес е нивната рана дијагноза, изборот на најадекватен хируршки третман кој дава најмал процент на последици и најдобар квалитет на живот. Целта на оваа студија: Основната цел на оваа дисертација е да се изврши клиничка евалуација и анализа на постигнатите резултати за квалитетот на животот мерен со SF-36 скорот, со цел да се избере најадекватниот хируршки третман и изготви алгоритам која хируршка процедура дава најдобар квалитет на живот ( PCS MCS ) и како таква се избере како најдекватен хируршки третман. Клинички материјал Докторската дисертација беше спроведена на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација со интензивно лекување и ургентен центар при Медицинскиот факултет во Скопје во периодот од јануари 2017 до декември 2019 година и брои вкупно 134 испитаници кои беа хируршки третирани поради интракапсуларна скршеница на вратот на бутната коска и 28 пациенти во ретроспективната стдија со пострауматски компликации. Кај сите пациенти во обете студии беше мерен SF-36 скорот физичко здравје ( PCS) и ментално здравје ( MCS ). Секој пациент беше информиран дека е вклучен во студијата и пополнуваше прашалник за квалитетот на живот од хируршкиот третман. Резултати. Добиените резултати од двете студии покажаа дека остеосинтезата е најадекватен хируршки третман кај младата популација од првата и втората група, додека кај најстарата возрасна група најдобар квалитет на живот е артропластиката. Резултатите од средната возраст од 65-75 години покажаа полош SF-36 скор од MCS I PCS поради најголеминот број на компликации. Затоа кај оваа возраст најадекватен хируршки третман кај пациентите со тешка репозиција, почетна остеопороза, дорзомеијална коминуција поадекватен хируршки третман од остеосинтезата е артропластиката. Заклучок: Најадекватен хируршки третман кај младата генерација и средната генерација е остеосинтезата, додека пак кај старата генерација, најадекватен хируршки третман е артропластиката. Пациентите во средната возраст со остеопороза, почетна или изразена, лоша репозиција, слаба физичка активност пред повредата најадекватен хируршки третман е артропластиката, а кај останатите остеосинтезата.
File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

S-AleksandarSaveski2020.pdf

Size

2.27 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):dad14f4950fae925f28feb34766854eb

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify