Ацо Шопов во и за преведувачкиот чин
Date Issued
2024
Author(s)
Abstract
Истражувањето претставено во текстот се однесува на искажувањата на Ацо Шопов, во форма на есеи или интервјуа, за преведувањето на дела од светскиот културен контекст и за нивното вклучување во текот на македонскиот културен процес. Истовремено, се фрла светлина и на рецепцијата на неговите преводи во македонската средина, со што се покажува значењето на Шопов не само како поет туку и како преведувач. Во тој контекст, одредени негови поетски концепти се доведуваат во врска со контактот кој го имал со другите литератури и култури, што сведочи за начинот како се градела неговата поетската визија. Примарниот теориски постулат од кој се тргнува е оној за начинот како преведувачот го пренесува творечкото себство на авторот во инаквиот културен контекст, што подразбира не само добро познавање на двата јазични медиуми, туку и повеќе од тоа, едно понирање во непрестајниот дијалог на културните сфери за кој не е нужен исклучиво географски или генетски контакт.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Искра Тасевска - литературна секција (Шопов).docx
Size
45.22 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):e156f497fe311d8eb765707337583a08
