Во средиштето на промените (Димитар Пандев „Меѓу црквата и чаршијата“, Скопје, 2015)
Journal
Литературен збор 1-3, год. LXIII. Скопје: Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература, 175-186.
Date Issued
2016
Author(s)
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Abstract
Книгата „Меѓу црквата и чаршијата“ од проф. д-р Димитар Пандев, која беше издадена од Матица македонска во 2015 година, претставува несекојдневен и единствен склоп од седумдесет и три поглавја (трудови, научни есеи), дополнети со укажувањата за нагледната и претпочитана литература. Опсежниот опус, кој се протега низ триста и деведесет страници, детално и специфично ги третира прашањата поврзани со културата во македонскиот 19 век, притоа нудејќи најразлични методолошки пристапи и интерпретативни стратегии за посоодветно објаснување на културните феномени во, според нас, еден од најсложените периоди во македонската култура воопшто. Специфичната структура на книгата овозможува секој одделен текст да се чита како дел од поголемата целина, но и посебно, како независна единица, што овозможува повеќеслојни интепретации. Поттикнат генерално од двестегодишнината од објавувањето на првото дело на Јоаким Крчовски („Слово исказаное заради умирание“, Будим, 1814 година), авторот всушност ја проследува целокупната македонска култура во овој период, спојувајќи ги историскофилолошките, лингвистичките, дискурсните анализи, семиотичките, социолошките и др. методи во интерпретацијата на одделните феномени.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Во средиштето на промените.pdf
Size
174.75 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):5e9cb2a8ea5fc8802edd2742d44a118f
