Медикаментозно лекување на COVID-19:акутелни сознанија и важечки препораки
Journal
Vox Medici
Date Issued
2020
Author(s)
Маја Марковска Илиевска
Ане Петрушевска
Александар Дервишов
Abstract
Појавата на ковид-19 во пандемиски размери, следена со висок морбидитет и леталитет, насушно ја наметнува потреба за нејзино ефикасно лекување. За кратко време се спроведени бројни студии во кои се проценува ефикасноста на многу лекови кои досега наоѓале индикации во лекувањето на други болести. Доброто запознавање со патогенезата на оваа болест покажа дека, во моментов, главен тренд во лекувањето на ковид-19, покрај соодветниот кислороден надоместок се состои во примена на медикаменти кои треба да бидат адекватно применети според стадиумот, тежината на болеста, како и проценетиот ризик за нејзино прогредирање: антикоагуланси, антиинфламаторни и антивирусни агенси. Сите тие, до изнаоѓање на ефикасни СарсКоВ-2 антивирусни лекови и применети заедно со други процедури, претставуваат главна потпора во лекувањето на пациентите со тежок или прогредирачки облик на ковид-19. Во трудот се изнесени современите разбирања за актуелните терапевтски агенси кај пациентите со ковид-19, базирани на ставовите на респектабилните светски здравствени организации, институции
и некои водечки универзитети.
и некои водечки универзитети.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Medikamentozen Tretman Vox medici.pdf
Size
168.9 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):acf162f81f83a2a20734a5982b1416b3
