The Position of the Child in The Pedagogical Conception of John Dewey
Journal
Меѓународно списание за образование, истражување и обука (IJERT)
Date Issued
2016
Author(s)
Ведран Диздаревиќ
Abstract
Во овој труд ќе се зборува за педагогијата на Џон Дјуи и поконкретно за положбата на детето во неговата теорија. Најпрво ќе елаборираме за прагматистичката педагогија, нејзиниот историски, политички и општествен контекст (Либералните традиции на Нова Англија, општествените и политички околности во САД) како и на филозофското и научното расположение на почетокот на дваесеттиот век (радикални и прогресивни промени во психологијата, Дарвиновата теорија на еволуција, англискиот емпиризам и американските филозофи на прагматизмот: Вилијам Џејмс и Чарлс Сандерс Перс). Откако ќе дадеме вовед на неговата филозофија и историскиот и општествениот контекст во кој работел, ние ќе преминеме кон неговите образовни теории и накратко ќе се задржиме на основните карактеристики на неговата педагогија ( важноста на искуството и интеракцијата, демократијата, важноста на инстиктите и навиките). Мораме да го дадеме овој неопходен вовед за конечно да можеме да елаборираме на главната тема на овој труд: коперниканската ревоолуција на Дјуи, а под тоа мислиме инверзијата на класичната образовна парадигма каде наместо поставувањето на наставникот како врвна „монада“ ( како што се практикувало во историјата, со исклучок на Русо и неговите романтичарски дела), сместувањето на детето во центарот на образовниот процес. Ќе ја екстраполираме оваа теорија преку пет клучни концепти: моќта на инстинктите, учење преку делување, медијаторската улога на интересот, индивидуалноста како обележје на детската личност и детето како општествен двигател. Заклучокот и критиката доаѓаат на крајот.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Положбата на детето во педагошката концепција на Џон Дјуи.pdf
Size
6.3 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):3cf1e94fb8d19f410e8fa476f6b6c0ee
