Човековиот ум и неговата реалност – конвергенции и дивергенции помеѓу невронауките и црковните Отци
Date Issued
2020
Author(s)
Micevski-Ignat Ilche
Abstract
Современите интереси на невронауките го опфаќаат и студирањето на човековиот ум. Постојано напредуваат со нови сознанија за умот, совеста, чувствата и животните искуства. Умот претставува една загатка за невронауките која се обидуваат да ја одгатнат и да ги дознаат скриените тајни на умот и на совеста. Од друга страна, светите Отци на православната Црква имаат конкретно учење за умот и совеста, а човекот е создаден според ликот и подобието Божјо. Невронауките и учењето на светите Отци имаат можност да се сретнат во дијалог имајќи ги како основа конвергенциите кои ги обединуваат. Но, ограниченоста на невронауките одговорите да ги бара само во мозочната материја, раѓа дивергенции и изолирање во материјалниот натурализам. Објаснувањето на човековата тајна не е едноставна задача.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Илче Мицевски-Игнат-Човековиот ум и неговата реалност - конвергенции и дивергенции помеѓу невронауките и црковните Отци.pdf
Size
34.02 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):97a223a41507f91366832197450cb7e2
