ВЛИЈАНИЕ НА КИНЕМАТСКИТЕ ПАРАМЕТРИ ПРИ НАДОЛЖНО РЕЖЕЊЕ СО КРУЖНА ПИЛА
Date Issued
2024-12-18
Author(s)
Анастасија Темелкова
Abstract
Брзината на поместување при механичка обработка на дрвото, е еден од факторите кој има високо
влијание врз рапавоста на резната површина и потрошувачката на енергија. Рапавоста на резната
површина предизвикана од траги од резниот алат има влијание на хидротермичката обработка и сите
останати механички обработки на дрвото. Поголемата рапавост, поради побрзото испарување на влагата
од дрвото, го зголемува процентот на грешки при сушењето. Од друга страна, поголемата рапавост го
намалува процентот на искористување на дрвото. Потрошувачката на енергија е показател за отпорите на
режење и зависи правопропорционално, односно обратнопропорционално кога дебелината на
струготината е помала од 0,1mm. Притоа, забите не го режат дрвото, односно не создаваат струготина
туку дрвена прашина.
Во ова истражување се применети три различни брзини на поместување (U1=12mmin-1,
U2=16mmin-1 и U3=20mmin-1) за височини на режење од 15, 30 и 45mm кај суво буково и чамово дрво со
влажност W=10+/-1%. Мерењата се извршени кај кружна пила со дијаметар на резниот алат D=250mm,
број на заби Z=40/60/80 и широчина на резот b=3,2mm. Бројот на вртежи изнесува n=5500min-1. Мерните
податоци за рапавоста се земени со дигитален компаратор, по критериумот Rmax. Мерните податоци за
потрошувачката на енергија се земени со амперметарска клешта.
Добиените резултати покажуваат изразена сигнификантност, односно правопропорционална
зависност на рапавоста на резната површина и потрошувачката на енергија од брзината на поместување и
височината на режење.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ВЛИЈАНИЕ НА КИНЕМАТСКИТЕ ПАРАМЕТРИ ПРИ НАДОЛЖНО РЕЖЕЊЕ СО КРУЖНА ПИЛА.pdf
Size
8.38 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):40566db18f806013ad9e58ca053c8aaa
Loading...
Name
ИЗЈАВА.pdf
Size
360.69 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):e5c4c9fc23967f9ad1be18c788756d97